Уни Банка 2-9(0-3) Матрикс
Уни Банка: Марко Ташков 21’ Ријат Велији 40’
Матрикс: Петре Даиловски 10’ 24’ 27’ Ивица Алампиоски 14’ 39’ Тони Брњарчевски 4’ 25’ 35’ Мартин Толески 26’
Минатогодишниот шампион Матрикс уште на самиот старт во дуелот со Уни Банка влезе доста мотивирано со максимално сериозен пристап воспоставувајќи ја својата препознатлива игра. Екипата на Уни Банка во првото полувреме беше доста добро дефанзивно поставена и се обидуваше да парира со оглед на кратката клупа со која располагаше на овој натпревар. Во второто полувреме Матрикс целосно успеа да го скрши отпорот на Уни Банка и со чести ротации успеваше да наметне висок ритам кој краткиот ростер на Уни Банка не можеше да го прати па го загуби овој натпревар со 2-9. Полувреме 0-3.