По завршувањето на есенскиот дел во Бизнис Лигата на Македонија индивидуалната статистика на играчите кои се истакнаа со одлична реализација преточена во бројки ќе ја анализираме како би ги издвоиле петте голгетери кои го одбележаа овој есенски дел.
На прво место се наоѓа Вецко Вренцовски од екипата на Џојсон Сејфти Системи кој е убедливо прв на оваа листа со скор од 32 постигнати гола
За второто место се избори Мелис Халитовиќ од екипата на ТЕМАТО со постигнат 21 гол
Кристијан Панев од екипата на Фабрика Карпош – ГИМ заедно со Иван Стојчев од екипата на Лукоил го делат третото место со по 19 гола
А веднаш зад нив со гол помалку е Петре Даиловски од екипата на Матрикс со 18 гола
Вака низ бројки изгледаат најдобрите стрелци кои го одбележаа есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија