НЛБ Банка со срце на терен избори реми во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 4-4(2-3) НЛБ Банка

ЕЛЕМ: Тихо Груевски 18” 20”, Илир Елмазовски 23” 24”
НЛБ Банка: Александар Величков 6” 10” 14”, Фарук Биљали 30”

Крајно неизвесен дерби натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и НЛБ Банка. Екипата на НЛБ Банка во првото полувреме во своите редови го имаше Величков кој имаше своја вечер и со хет-трик му донесе предност на својот тим од 0-3. Во самиот финиш од првото полувреме кај ЕЛЕМ се разигра Груевски кој со два последувателни гола 18” и 20” успеа да намали на 2-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи играа егал натпревар. Се играше цврсто во одбраната и на двете страни. Екипите успешно ги затвораа приодите кон противничкиот гол, па во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Кај екипата на ЕЛЕМ Елмазовски 23” и 24” успеа со два последувателни гола да направи пресврт и да донесе предност на својата екипа од 4-3. Екипата на НЛБ Банка играше максимално мотивирано, оставајќи го срцето на терен успеа да постигне гол во 30” преку Биљали за израмнување 4-4. Втората половина од второто полувреме одбраната беше на високо ниво, мрежичките мируваа па со израмнет резултат од 4-4 екипите ги поделија бодовите.