Во премиерниот натпревар од пролетниот дел ЕВН подобри од Окта

ЕВН 2-1(1-0) Окта

ЕВН: Виктор Валканчев 7’ Илија Манадров 26‘
Окта: Александар Јовчевски 38’

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Окта.
Уште од самиот почеток на мечот двете екипи влегоа мотивирани и започнаа со офанзивен стил на игра. Таквата игра по една одлично одиграна акција во 7та минута со голот на Валканчев и донесе предност на екипата на ЕВН од 1-0. По оваа негатива екипата на Окта започна со поагресивна игра и се обидуваше да фати резултатски приклучок, но екипата на ЕВН одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување и на полувремето замина со предност од 1-0. На стартот на второто полувреме екипата на Окта продолжи со агресивна игра со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН во 26та минута успеа да искористи еден кикс кај играчите на Окта и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на натпреварот екипата на Окта се обиде и со промена на тактиката со внесување на голман играч но не успеа во намерата па екипата на ЕВН го доби овој натпревар со 2-1.