Окта 7-5(1-2) Фабрика Карпош – ГИМ
Окта: Иван ДИмитриевски 33’ Тино Трајковски 2’ 32’ 35’ Драганчо Ѓорѓиевски 36’ Живко Котевски 23’ Бојан Станковиќ 28’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 20’ Георги Божиков 26’ Кристијан Панев 8’ 27’ 28’
Првото полувреме во натпреварот Окта и Фабрика Карпош го отвори екипата на Окта преку Трајковски во втората минута. По нецели 5 минути екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да го израмни резултатот преку Панев, во понатамошниот дел од првото полувреме се играше израмнет натпревар и двете екипи атакуваа на противничкиот гол но мрежичките мируваа се до самиот финиш од полувремето кога Фабрика Карпош – ГИМ преку Божиков успеа да поведе со 1-2 со кои се отиде на полувремето. Во второто полувреме Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра и три голови во низа од кои првиот Георги Божиков во 26та на кој му се приклучи и Панев во 27 и 28 минута. Кај Окта неизвесноста во резултатот ја држеа Котевски во 23 и Станковиќ во 28та минута. Се до средината на второто полувреме натпреварот беше крајно израмнет. Во самиот финиш на натпреварот кај Окта проработеа Трајковски во 32 и 35та минута и Димитриевски во 33та минута кои на Окта и донесоа предност од 7-5. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се обидуваше да се врати во натпреварот но времето беше сојузник на Окта која славеше со 7-5.