Водовод 2-8(0-4) Окта
Водовод: Стојанче Величковски 39’ Стојанче Ивановски 39’
Окта: Живко Котевски 20’ 24’ Александар Јовчевски 12’ 15’ Драганчо Ѓорѓиевски 34’ Давид Насковски 35’ Јасмин Личина 2’ 6’
Првото полувреме во дуелот помеѓу Водовод и Окта и припадна на екипата на Окта која уште на самиот старт започна со офанзивна игра која и донесе предност до 6та минута од 0-2. По оваа негатива екипата на Водовод започна со агресивна игра со цел да ја намали негативата но екипата на Окта одлично се бранеше а преку контра напади успеваше да казни за високи 0-4 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Водовод на сите можни начини се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но не успеа да и се спротитави на денеска расположената екипа на Окта која го контролираше резултатот и го приведе овој натпревар во нејзина полза со сигурен резултат од 2-8.