Во рамките на 21то коло беа одиграни 3 натпревари, дел од натпреварите поради празниците се префлени во заостанати натпревари со кои ќе се заокружи колото, а воедно и ќе се искристализира сликата за влез во завршната фаза
Табелата после ова коло изгледа вака:
ЈСП со тимска игра до сигурна победа над А1
ЈСП 8-1(2-0) А1
ЈСП: Велко Серафимовски 7’ 37’ Љупчо Павловиќ 24’ 26’ Филип Димовски 12’ Филип Колеќески 36’ 37’ Васко Мирчевски 38’
А1: Гордан Живковски 35’
Дваесето и првото коло од Бизнис Лигата на Македонија, го отворија екипите на ЈСП и А1. Двете екипи во овој натпревар влегоа со високо темпо на игра, и со силна офанзива нападнаа кон противничкиот гол. Екипата на ЈСП прва ја превзема иницијативата во раната фаза од полувремето, но екипата на А1 одлично ја постави својата одбрана и не дозволуваше противникот да дојде до лесен погодок. ЈСП кон средината на полувремето конечно успеа да ја пробие одбраната на А1 и со погодоците на Серафимовски и Димовски успеа да дојде до предност од 2-0. До крајот на полувремето екипата на А1 го подигна темпото на игра и со брзи напади преку Ангеловски се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но имаше слаба реализација па мрежата на ЈСП до полувремето мируваше. Полувреме 2-0.Во второто полувреме се продолжи во ист ритам А1 се обидуваше да резултатски да се врати во натпреварот, но ЈСП со одлично поставена одбрана и брзи контра напади успеваше да ја зголеми предноста која до средината на второто полувреме беше 4-0. Во финишот од натпреварот екипата на А1 успеа да намали преку Живковски на 4-1, но ЈСП ја имаше контролата во завршницата и славеше во овој дуел со убедливи 8-1.
Гранит со победа над ЕЛЕМ поблиску до Ф8
Гранит 5-4(2-2) ЕЛЕМ
Гранит: Николче Глигуровски 5’ Дарко Петров 34’ Ненад Антовски 11’ Мартин Ристовски 26’ 32’
ЕЛЕМ: Боби Максимовски 4’ Влатко Петровски 32’ Тихо Груевски 12’ Никола Јовановски 37’
Динаминчно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Џонсон Мети, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со брза игра со фокус ставен на нападот. Екипата на ЕЛЕМ го отвори натпреварот со погодокот на Максимовски, но само некој минута подоцна екипата на Гранит преку Глигуровски успеа да израмни на 1-1. Во продолжението од полувремето се продолжи со израмнета игра каде двете екипи се менуваа со закани кон противничкиот гол екипата на ЕЛЕМ во 11та минута успеа да дојде до повторно водство но Гранит повторно успеа да ја нулира предноста и со израмнет резултат од 2-2 екипите да заминат на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со израмнета игра, екипата на Гранит после груб старт остана со играч помалце што екипата на ЕЛЕМ не успеа да го преточи во погодок, па следеше казна и Гранит успеа да поведе со 3-2. Екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до израмнување на резултатот но екипата на Гранит влезе во свој ритам и со два погодоци на Ристовски и Петров успеа да направи предност од 5-3. Таа предност за екипата на ЕЛЕМ во вака цврст натпреавар беше тешко достижна и иако успеа да дојде до самио гол негатива, екипата на Гранит го издржа притисокот и славеше на крајот од овој дуел со 5-4.
Најдобри стрелци во досегашниот дел од натпреварувањето:
Халк Банка и Пивара Скопје со 0-0 испишаа историја во Бизнис Лигата
Халк Банка 0-0(0-0) Пивара Скопје
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Пивара Скопје, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Екипата на Халк Банка на превзема иницијативата во овој дуел но екипата на Пивара Скопје одлично ја постави својата одбрана и преку кнотра напади ја бараше својата шанса. Двете екипи користејќи го својот голман како голман играч се обидуваа да дојдат до отворена позиција за гол но до паузата мрежите мируваа. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во висок ритам пред се во делот на одбраната каде што одлично ги затвараа сите приоди кон головите. И двете екипи овој натпревар го одиграа за да напишат историја во Бизнис Лигата, по 13 годишно постоење на оваа лига ова е првиот натпревар кој завршил без гол со резултат од 0-0, благодарение на добрата одбрана и желбата и карактерот на играчите кои го оставија срцето на терен.
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Мартин Ристовски (Гранит) 2 гола
– Велко Серафимовски (ЈСП) 2 гола
– Љупчо Павловиќ (ЈСП) 2 гола
– Влатко Петровски (ЕЛЕМ) 1 гол
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Филип Колеќески (ЈСП), Николче Глигуровски (Гранит), Боби Максимовски (ЕЛЕМ), Филип Димовски (ЈСП), Дарко Петров (Гранит), Тихо Груевски (ЕЛЕМ), Гордан Живковски (А1), Ненад Антовски (Гранит), Никола Јовановски (ЕЛЕМ), Васко Мирчевски (ЈСП)
Екипа на колото: ЈСП
Тренер на колото: Кире Атанасовски (Гранит)
Голман на колото: Бобан Ристов (Пивара Скопје)
Натпревар на колото: Халк Банка – Пивара Скопје