Ослебениот Рамстор не можеше да парира на расположениот Лукоил

Рамстор 0-6(0-2) Лукоил

Лукоил: Лоренцо Николовски 40’ Антонио Фенов 32’ Иван Стојчев 21’ Александар Стоилов 17’ Александар Георгиевски 3’ 33’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Лукоил, двете екипи во ова полувреме влего со цврста игра и борба за топката на секоја педа од теренот. Екипата на Лукоил прва дојде до водство во 5та минута од натпреварот со погодокот на Ѓоргиевски и поведе со 0-1. По ова водство на Лукоил екипата на Рамстор го подигна темпото на игра и се закануваше кон голон на Лукоил, но Лукоил одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната а со голман играч успеваше да створи вишок во нападот и во 17та минута успеа да го зголеми водството на 0-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со брза игра и голман играч што им донесе уште еден погодок на самиот почеток и водство од 0-3. Ова водство ја демотивираше екипата Рамстор која со пократката клупа не можеше да го издржи темпото кое Лукоил го имаше наметнато. До финишот од натпреварот Лукоил само го зголемуваше своето водство и го доби овој натпревар со сигурни 0-6.