Пивара Скопје со скратен состав не можеше да парира на Халк Банка

Халк Банка 10-1(4-1) Пивара Скопје

Халк банка: Самир Вели 2” 22”, Алпер Тахи 3” 4” 26”, Филип Илиевски 3” 23”, Дарко Крстевски 36”, Игор Стојановски 26”, Горан Трпчески 40”
Пивара Скопје: Александар Алексов 20”

Екипата на Пивара Скопје во дуелот со Халк Банка влезе со скратен состав, практично без помош од клупата. Уште на самиот старт екипата на Халк Банка свесна за играч помалце во ротацијата на екипата на Пивара Скопје натпреварот го започна со пресинг по целиот терен. Ваквата игра му донесе на Халк Банка играч плус во нападот и отворени шанси за гол. Како изминуваше полувремето Халк Банка успеа да стекне резултатска предност која на крајот од првото полувреме изнесуваше 4 – 1. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во ист ритам. Екипата на Пивара Скопје немаше доволно сила да парира на Халк Банка која со чести измени успеваше да држи висок ритам кој на крајот и донесе победа од 10 – 1.