Рамстор со дуото Алиевиќ – Јахија до победа над С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 1-4(2-8) Рамстор

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 3’ Горан Андоновски 30’
Рамстор: Енгин Мемеди 40’ Ибрахим Бекир 4’ Кадир Јахија 9’ 32’ 39’ Армандо Алиевиќ 9’ 13’ 35’

Одличен старт за екипата на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Рамстор, полувремето започна со брза и цврста игра на двете страни. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да го отвори резултатот со одличен погодок од далечина на голманот Костов во 3та минута. По ова рано водство на екипата на С.Ц. Борис Трајковски екипата на Рамстор ги консолидира своите редови и со три брзи погодоци до 9та минута дојде до целосен пресврт и водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Рамстор одлично ја постави својата одбрана и не дозволи на екипата на С.Ц Борис Трајковски да ја намали разликата па Рамстор на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да ја намали разликата на 2-4, но екипата на Рамстор со чести ротации ја одржа свежината во својот состав и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски со кратката клупа и немањето човек во ротација немаше сили да го издржи брзото темпо на Рамстор па го загуби овој натпревар со 2-8.