Ван Хоол 3-5(1-3) Рамстор
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 30’ Дарко Ангеловски 9’ 37’
Рамстор: Енис Мурселов 19’ Енгин Мемеди 6’ Авни Воша 40’ Ибрахим Бекир 13’ 26’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Ван Хоол и Рамстор, двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани со желба за победа. Екипата на Рамстор го отвори резултатот со погодок на Мемеди во 6тата минута, но екипата на Ван Хоол брзо одговори па со погодок на голманот Ангеловски од далечина успеа да го израмни резултатот. Во втората половина од полувремето екипата на Рамстор повторно притисна кон голот на Ван Хоол па успеа да реализира една шанса за повтроно да го превземе водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да го издржи притисокот кој го вршеше Ван Хоол и да го изненади противникот за водство од 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Рамстор ја зголеми разликата и поведе со 1-4, екипата на Ван Хоол се обидуваше да ја намали резултатската негатива во што делумно успеа со погодок во 30та минута од натпреварот. Екипата на Ван Хоол од пенал успеа да да дојде до само еден гол негатива и да ја направи завршницата од овој натпревар многу интересна. Сепак екипата на Рамстор успеа да го издржи притисокот за што голем удел имаше голмано Мурселов и со погодок во последната минута да ја осигура победата со резултат од 3-5.