Со евро гол Стојановски и донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

С.Ц. Борис Трајковски 5-3(3-2) Фабрика Карпош – ГИМ

С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 20’ 38’ Владимир Мојсовски 13’ Горан Андоновски 40’ Саше Димитровски 16’
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 5’ Георги Божиков 27’ Кристијан Панев 1’

Екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Фабрика Карпош – ГИМ со максимално сериозен пристап го започнаа овој натпревар. Први иницијативата ја имаа екипата на Фабрика Карпош – ГИМ и стекна предност од два гола, но екипата на Борис Трајковски успеа да ги коннсолидира своите редови и не само што го израмни резултатот туку полувремето го заврши со 3-2 во своја полза. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и двете екипи наизменично го менуваа водството. Се играше инфаркт натпревар полн со тензија, во игра на нерви. Во самиот финиш кај при резултат од 3-3 играшон на С.Ц. Борис Трајковски Љубомир Сојановски – Љупа со атрактивен гол успеа да и донесе водство на својата екипа. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со голман играч се обиде да го израмни резултатот но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 5-3.