Со одлична реализација Атлантик Груп до победа над НЛБ Банка

НЛБ Банка 0-9(0-4) Атлантик Груп

Атлантик Груп: Далибор Тасевски 6’ 33’ 37’ 38’ Благојче Јовчевски 12 Благојче Стојановски 22’ Бојан Петковски 4’ 25’ Кристијан Филиповски 7’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на НЛБ Банка и Аптлантик Груп, двете екипи претпазливо го започнаа овој натпревар одмерувајќи ја силата на противникот. Како одминуваше времето екипата на Атлантик го подигаше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот ваквата игра вроди со плод па до средината на полувремето веќе имаа солидна предност од 0-3. Екипата на НЛБ Банка се обидуваше да најде против игра за вечерва разположените Атлантик и често доаѓаше до одлични шанси за погодок но изостануваше завршница. Ова го користеше Атлантик за да казни на спротивната страна и на полувремето да замине со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка започна во висок ритам и имаше неколку одлични шанси но голманот на Атлантик Груп Мирослав Тодоровски одлично ја чуваше својата мрежа и беше ѕид пред својот гол па не дозволи лесни погодоци. Атлантик до крајот на натпреварот продолжи со одлична игра ги искористи сите пукнатини во одбраната на НЛБ Банка и на крајот славеше со резултат од 0-9.