Со одлично второ полувреме Уни Банка до сигурна победа над ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 6-13(1-2) Уни Банка

ЈП Дрисла: Бесник Шакири 12’ 25’ 28’ 40’ Ридван Демири 40’ Сашо Шљива 34’
Уни Банка: Марко Ташков 4’ 16’ 23’ 24’ 28’ 33’ Ненад Саздовски 27’ 32’ 38’ Кристијан Смилевски 30’ 35’ 38’ 40’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на ЈП Дрисла и Уни Банка, двете екипи влего претпазливо во овој дуел и со цврста игра на средината на теренот се обидуваа да дојдат до поволна позиција за гол. Екипата на Уни Банка го отвори резултатот во 4та минута со погодокот на Ташков и победе со 0-1, екипата на ЈП Дрисла ги консолидира своите редови и во 12та минута преку погодокот на Шакири успеа да дојде до израмнување на 1-1. Екипата на ЈП Дрисла во своите редови по повреда на колманот беше приморана да внесе голман играч што до крајот на полувремето екипата на Уни Банка го искористи за да дојде предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Уни Банка продолжи со одлична игра и со одлична игра успеа да направи солидна предност од 1-4. Екипата на ЈП Дрисла се успеа да ја намали разликата но екипата на Уни Банка имаше денеска своја вечер па го доби овој натпревар со 6-13.