Фабрика Карпош – ГИМ 3-1(1-0) Матрикс
Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 37’ Игор Николовски 3’ 26’
Матрикс: Тони Брњарчевски 40’
Екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Матрикс одиграа крајно цврст натпревар и на двете страни се играше цврста одбрана на граница на фаул. Во првото полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку контра напад во 3та минута преку Николовски успеа да поведе со 1-0. Во останатиот дел од првото полувреме и двете екипи се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол но на двете страни одбраната беше на високо ниво па мрежите мируваа до самиот финиш на полувремето кое заврши со 1-0. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам екипата на Матрикс играше целосно отворен фудбал што не беше случај кај Фабрика Карпош – ГИМ која се обидуваше да го сочува водството од првото полувреме. Во ваквата игра Фабрика Карпош – ГИМ го имаше во своите редови расположениот Николовски преку кој во 26та минута Фабрика Карпош зголеми на 2-0. Со оглед на кратката клупа која ја имаше Фабрика Карпош – ГИМ продолжија со доста дефанзивен фудбал кој ги водеше до победа. Во самиот финиш Фарбика Карпош – ГИМ преку Голабовски зголеми на 3-0, Матрикс притискаше но времето работеше за Фабрика Карпош која на крајот го доби овој натпревар со 3-1. Кај Матрикс буквално во последните секунди голот го постигна Тони Брњарчевски.