Со 24 компании најелитното аматерско натпреварување ја започнува 12та сезона

Започнува 12та сезона на најелитното аматерско натпреварување Бизнис Лига на Македонија

Денес во 20 часот во С.Ц. Борис Трајковски (сала за прес) се одржа пресконференција по повод стартот на новата сезона во Бизнис Лигата.
На истата беа презентирани компаниите учеснички, системот на натпреварување, стартот на сезоната и новитетите кои од оваа година ќе бидат имплементирани во лигата.

Стартот на лигата е закажан за 19.09.2022 година (понеделник). Лигата ќе се одигра во две етапи и тоа есенски (11 кола) и пролетен дел (12 кола + завршен турнир).

Компании учеснички оваа година се:

A1
Аџибадем Систина
Лукоил
Шпаркасе Банка
Пивара Скопје
Џонсон Мети
DHL
Халк Банка
Ван Хоол
Сава Осигурување
ЈСП
Уника
Аптив
Sportlife
ЈП Дрисла
Фабрика Карпош – ГИМ
Гранит
Bestway Solutions
ЕЛЕМ
Интертек
Макпетрол
ЕВН
Матрикс
Окта

Свое излагање имаа и директорот на С.Ц Борис Трајковски Филип Даскаловски како и Александар Илиевски претставник на Пивара Скопје. Околу правилата и VAR системот Ива Пројковска имаше свое обраќање.

Проект менаџерите на Бизнис Лигата им посакаа на сите учесници преку фер плеј игра, добро дружење и забава да победи подобриот.