Стефанов човек на одлука во екипата на Лукоил

Фабрика Карпош – ГИМ 2-6(0-1) Лукоил

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 25’ 36’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 29’ 32’ Васко Стефанов 12’ 28’ Антонио Фенов 23’ 34’

Натпреварот помеѓу екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Лукоил започна со пеколно темпо на игра со брз и отворен фубал. Двете екипи играа максимално офанзивно и секој напад имаше шанса за гол, но голманите беа на ниво на задачата и доста успешно ги чуваа своите мрежи. Вака беше се до 10та минута кога после груб стар екипата на Фабрика Карпош – ГИМ остана со човек помалце што Лукоил го искористи и во 11та минута успеа да постигне гол и да поведе со 0-1. До крајот на полувремето притискаше екипата на Фабрика Карпош – ГИМ но не успеа до полувремето да дојде до израмнување. Во вторто полувреме отворената игра на Фабрика Карпош –ГИМ ги остави ранливи во одбраната што Лукоил преку контра напади ги искористи своите шанси а најзаслужен за тоа беше Васко Стефанов кој со два погодоци му даде на Лукоил сигурна предност. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил успеа да го зголеми водството и да дојде до сигурна победа од 2-6