ТАВ со колективна игра до победа над ЈСП.

ЈСП 3-7(1-2) ТАВ

ЈСП: Филип Колеќески 26” 30”, Филип Димовски 10”
ТАВ: Петар Мартиновски 3”, Алексо Новески 38”, Седат Сали 6”, Еркан Шабани 24” 25” 37”, Дарио Десниќ 33”

Натпреварот помеѓу екипите на ЈСП и ТАВ го отвори екипата на ТАВ во 3” преку Мартиновски. На ваквата добра игра му се пркуклучи Сали во 6”, преку кој ТАВ дојде до водство од 2-0. По само неколку минути игра ЈСП по одлично сработена акција успеа да го намали резултатот на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈСП се обиде да најде против игра за вечерва расположениот ТАВ, тоа го правеше со притисок во предно поле упатувајќи чести удари кон голот на ТАВ кој успеа да се одбрани. Екипата на ТАВ со долги и конторлирани напади од минута во минута го зголемуваше водството наметнувајќи ја својата препознатлива игра, која на крајот резултираше со победа од 3-7.