ТАВ со колективна игра до победа над Аптив

Аптив 1-6(0-2) ТАВ

Аптив: Иле Трајковски 24’
ТАВ: Дарио Десниќ 7’, Тодорче Насковски 13’, Мердан Сеjфула 32’, Мирослав Петровски 38’, Петар Мартиновски 39’, Сабир Лесковица 40’

Екипата на ТАВ во дуелот со Аптив влезе офанзивно со голман-играч како би имала играч плус во делот на нападот. Ваквата тактичко-техничка поставеност вроди со плод во 7’ кога Десниќ преку контра напад му донесе водство на ТАВ од 0-1. Со чести измени ТАВ успеваше да одржи висок ритам со што атакуваше на кратката клупа на Аптив. Во 13’ голманот-играч Насковски реализираше уште еден погодок од далечина за водство на ТАВ од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Второто полувреме ТАВ продолжи во висок ритам, кратката клупа на Аптив не можеше да ги испрати честите измени кај ТАВ и од минута во минута ТАВ успеваше да го зголеми водството. Аптив се обидуваше со агресивна игра да се врати во натпреварот но ТАВ не о дозволи тоа па на крајот славеше со 1-6.