С.Ц. Борис Трајковски 2-5(1-2) ТАВ
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 6” 28”
ТАВ: Петар Мартиновски 3”, Алмир Имер 15”, Јованче Видински 21” 33” 40”
Натпреварот помеѓу екипите на С.Ц. Борис Трајковски и ТАВ прва го отвори екипата на ТАВ во раната фаза на првото полувреме преку Мартиновски 3”, по што следеше одговор од С.Ц. Борис Трајковски која во 6” преку Стојановски израмни на 1-1. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше егал натпревар од двете страни. И двете екипи играа цврсто во одбраната успешно затворајќи го приодот кон противничкиот гол. Екипата на ТАВ преку контра напад успеа да го изненади С.Ц. Борис Трајковски и во 15” преку Имер дојде до водство од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи се одлучија да играат нешто по отворен фудбал. Двата голмани играа во предно поле како голман-играч со што успеваа да стекнат играч плус во делот на нападот. Во ваквата игра екипата на ТАВ беше по снаодлива па успеа да стекне резултатска предност која на крајот резултираше во победа од 2-5.