ТАВ со срце на терен до победа над Окта

ТАВ 4-2(2-2) Окта

ТАВ: Петар Мартиновски 38’ Алексо Новевски 26’ Седат Сали 7’ 11’
Окта: Бојан Станковиќ 4’ Мартин Мијалковски 14’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Окта двете екипи во овој натпревар влегоа доста мотивирани и со отворена игра. Прва резултатот го отвори екипата на Окта со погодокот на Станковиќ во 4та минута од полувремето, по ова екипата на ТАВ ги консолидира своите редови притисна во предно поле и со два погодоци на Сали успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Окта успеа да искористи грешка во одбраната на ТАВ и со погодокот на Мијалковски успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во пеколно темпо на игра двете екипи го оставија срцето на терен и со отворена игра константно се закануваа кон противничкиот гол. Екипата на ТАВ успеа со брз контра напад да ја изненади екипата на Окта и со погодок на Новески успеа да дојде до повторно водство од 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Окта се обидуваше резултатски да се врати но екипата на ТАВ ја сочува и зголеми предноста за победа од 4-2.