Трајковски со 4 погодоци и донесе 3 бода на Окта во дуелот со Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-5(0-3) Окта
Џонсон Мети: Никола Николовски 24’ Стефан Јовановски 37’
Окта: Тино Трајкоски 1’ 11’ 19’ 38’ Иван Димитриевски 37’

Второто коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Џонсон Мети и Окта, екипата на Окта во овој дуел влезе доста мотивирано и од самиот старт на полувремето притисна кон голот на Џонсон Мети. Ваквата брза игра на Окта и донесе предност од 0-1 уште во првата минута, по ова рано водство на Окта екипата на Џонсон Мети се префрли на противничката половина и вршеше притисок кон противничкиот гол. Екипата на Окта одлично ја постави својата одбрана и преку брз контра напад успеа да го зголеми водството на 0-2. Во финишот од полувремето екипата на Џонсон Мети со голман играч се обиде резултатски да се врати во натпреварот но до полувремето екипата на Окта не го дозволи тоа па на паузата замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети преку Николовски успеа да дојде до намалување на разликата на 1-3. Двете екипи во остатокот од натпреварот се обидуваа преку брзи контри и удари од далечина да го изненадат противникот . Сепак екипата на Окта со денес ресположниот Трајкоски ја сочува разликата од полувремето и славеше во овој дуел со 2-5.