УНИКА преку брзи контра напади ја осигура победата над ЈСП

ЈСП 2-8(2-4) УНИКА

ЈСП: Филип ДИмовски 12’ Филип Колеќески 20‘
УНИКА: Донард Бајрами 5’ 20’ 31’ 39’ Шабан Чупи 9’ 36’ Арбен Нухиу 19’ 37’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и УНИКА, екипата на УНИКА уште на самиот старт започна со пресинг игра и ја врати одбраната на ЈСП на своја половина. Со ваквата пресинг игра екипата на УНИКА иснуди грешка во одбраната на ЈСП и преку Бајрами во 5та минута успеа да дојде до водство од 0-1. Екипата на ЈСП се обидуваше да најде решение за ваквата брза и динамична игра на УНИКА, но не успеваше во тоа, па УНИКА успеа да го зголеми водството на 0-2 преку Чупи во 9та минута од полувремето. Во второто половина на полувремето екипата на ЈСП с=почна да го користи својот голман како голман играч со што успеа да створи вишок во нападот што им донесе погодок преку Димовски и намалување на негативата на 1-2 во 12та минута. До полувремето екипата на ЈСП иако имаше одлични шанси не успеа да дојде до израмнување па УНИКА на паузата замина со предност до 2-4. Во второто полувреме екипата на УНИКА ја имаше контролата врз играта и резултатот. Иако екипата на ЈСП во неколку наврати имаше одлични обиди за погодок одбраната и голманот на УНИКА беа на ниво на задачата па не го дозволија тоа. Екипата на УНИКА со тимска игра од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да слави со високи 2-8.