УНИКА со одлична реализација до сигурна победа над Ван Хоол

УНИКА 10-3(5-1) Ван Хоол

УНИКА: Арбен Нухиу 13’ 20’ Тимотеј Нешовски 40’ Аднан Лимани 1’ 14’ 25’ 30’ 33’ Беким Љута 7’ 35’
Ван Хоол: Ненад Саздовски 5’ Стефан Станојковиќ 35’ 39’

Одличен почеток на екипата на УНИКА во дуелот со Ван Хоол тие уште на самиот старт на полувремето во првата минута преку Лимани го отворија резултатот за 1-0. Екипата на Ван Хоол во 5та минута успеа да искористи грешка во одбраната на УНИКА и да дојде до израмнување преку погодокот на Саздовски. Во остатокот од полувремето екипата на УНИКА ја контролираше играта на теренот и од минута во минута преку одлично изработени напади го зголемуваше водството. Екипата на Ван Хоол иако имаше одлични шанси имаше слаба реализација па УНИКА на полувремето замина со предност од 5-1. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол имаше неколку одлични шанси за погодок и намалување на резликата но екипата на УНИКА одлично ја постави својата одбрана и не го дозволи тоа. Мора да напоменеме дека екипата на Ван Хоол денеска беше во скратен состав и немаше доволно играчи во ротација за да го прати високото темпо кое УНИКА го наметна. До крајот на натпреварот екипата на УНИКА продолжи со одлична игра преку која често доаѓаше до отворени шанси за гол, со одлична реализација екипата на УНИКА го доби овој дуел со 10-3.