Фабрика Карпош – ГИМ не го искористи играчот плус во дуелот со Макпетрол

Макпетрол 7-3(2-3) Фарбика Карпош – ГИМ

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 2” 6” 33” 40”, Баже Тодоровски 38”, Никола Секуловски 39” 40”
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 4”, Лазар Божиновски 12”, Бојан Голабовски 18”

Екипите на Макпетрол и Фабрика Карпош – ГИМ дуелот го започнаа со максимално сериозен пристап играјќи пресинг по целиот терен. Во Ваквата игра и двете екипи успеваа да го затворат приодот кон противничкиот гол, па двете екипи тешко доаѓаа до отворена шанса за гол. Во раната фаза од натпреварот Ѓоргиовски 2” успеа да му донесе водство на Макпетрол од 1-0. Кај Фабрика карпош –ГИМ Котев 4” преку контра напад израмни на 1-1, но расположениот Ѓоргиовски по неполни две минути му донесе водство на Макпетрол од 2-1. Во Втората половина од првото полувреме дуото Божиновски – Голабовски 12”-18” успеаа да направат пресврт и да ја однесат Фабрика Карпош – ГИМ со водство на полувремето од 2-3.
Во второто полувреме се играше егал натпревар. Ѓоргиовски продолжи со одлична игра за екипата на Макпетрол и во 33” постигна гол за ирзамнување. Во самиот финиш екипата на Фабрика Карпош – ГИМ остана со играч повеќе. Во ваквата поставеност се чинеше дека сите коцки се посложени во полза на Фабрика Карпош – ГИМ, но екипата на Макпетрол со одлична одбрана и играч помалце преку Тодоровски успеа да дојде до 4-3. Овој момент беше пресуден бидејќи му даде ветар во грб на екипата на Макпетрол кај која се разбуди Секуловски и со два гола во самиот финиш му обезбеди победа на Макпетрол од 6-3.