ЈП Водовод 4-6(3-2) ЈСП
ЈП Водовод: Јакупи Зекири 13’ Стефан Лазаревски 1’ 30’ 34’
ЈСП: Тихо Фидановски 12’ 23’ 27’ 40’ Марјан Србиновски 24’ Даниел Антовски 9’
Во исклучително неизвесен и возбудлив натпревар ги одмерија силите екипите на ЈП Водовод и ЈСП. Во текот на целиот натпревар се играше егал, прва до водство дојде екипата на Водовод преку Лазаревски кој во првата минута успеа да ја затресе мрежата на ЈСП. ЈСП успеа да одговори преку Фидановски, но Водовод имаше одлично поставена игра и на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме и двете екипи играа отворен фудбал се до средината на полувремето кога екипата на Водовод остана без својот прв голман кој се задоби со повреда па ЈСП успеа ова вешто да го искористи и да направи резултатски пресврт. Екипата на Водовод во останатиот дел од натпреварот се обидуваше да фати резултатски приклучок но ЈСП го имаше расположениот Фидановски кој не го дозволи тоа и му донесе победа на ЈСП од 4-6.