Халк Банка и Пивара Скопје со 0-0 испишаа историја во Бизнис Лигата

Халк Банка 0-0(0-0) Пивара Скопје

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Пивара Скопје, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Екипата на Халк Банка на превзема иницијативата во овој дуел но екипата на Пивара Скопје одлично ја постави својата одбрана и преку кнотра напади ја бараше својата шанса. Двете екипи користејќи го својот голман како голман играч се обидуваа да дојдат до отворена позиција за гол но до паузата мрежите мируваа. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во висок ритам пред се во делот на одбраната каде што одлично ги затвараа сите приоди кон головите. И двете екипи овој натпревар го одиграа за да напишат историја во Бизнис Лигата, по 13 годишно постоење на оваа лига ова е првиот натпревар кој завршил без гол со резултат од 0-0, благодарение на добрата одбрана и желбата и карактерот на играчите кои го оставија срцето на терен.