Халк Банка со висок ритам до победа над Макстил

Макстил 2-4(1-1) Халк Банка

Макстил: Мартин Лазев 8”, Александар Божиновски 28”
Халк Банка: Самир Вели 17” 35”, Дарко Крстевски 23”, Алпер Тахир 33”

На самиот старт од првото полувреме екипите на Макстил и Халк Банка започнаа со офанзивна игра во отворен фудбал со динамична игра по должина на целиот терен. Екипите преку контра напади се обидуваа да дојдат до отворена шанса за голе. Прва во ова успеа екипата на Макстил која во 8” pпреку Лазев поведе со 1-0. Екипата на Халк банка продолжи со офанзивна игра и притисок во предно поле. Во 17” Вели кај Халк Банка со одлична соло акција успеа да постигне гол за израмнување од 1-1, резултат со кој и двете екипи отидоа на полувремето.
Во второто полувреме и на двете страни се играше отворен фудбал. Екипата на Халк Банка со колективна игра се обиде да направи целосен пресврт и тоа и трна од рака во 23” кога Крстевски преку контра напад успеа да донесе водство на својата екипа. Екипата на Макстил продолжи со висок пресинг во предно поле кое во 28” резултираше со погодок на Божиновски за резултат од 2-2. Во завршниот дел од второто полуврем екипата на Халк Банка го консолидира својот преден ред со што за кратко време успа да постигне 2 погодоци за победа и конечен резултат од 2-4