Халк Банка 11-4(4-4) Гранит
Халк Банка: Мартин Дамевски 4’ 18’ Алпер Тахир 33’ Игор Стојановски 21’ 25’ 25’ Филип Илиевски 40’ Самир Вели 6’ 35’ Дејан Петковски 17’ 39’
Гранит: Николче Глигуровски 7’ 12’ Дарко Петров 4’ Александар Димески 1‘
Офанзивно прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Гранит, од самиот почеток на натпреварот двете екипи започнаа со отворен фудбал со акцент ставен на нападот. Екипата на Гранит со погодокот на Димески уште во првата минута го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна преку Петров дојде до предност од 0-2. Екипата на Халк Банка уште во истата минута возврати преку Дамески за намалување на разликата а преку Вели во 6та минута од натпреварот дојде до израмнување на 2-2. Во остатокот од полувремето се продолжи со офанзивен фудбал и борба за топка на секоја педа од теренот, двете екипи успеаа да постигнат уште по два гола па на паузата се замина со израмнет резултат од 4-4. Во второто полувреме кај екипата на Халк Банка заблеска Игор Стојановски кој со три маестрални погодоци на својата екипа и донесе предност од 7-4. Екипата на Гранит се обиде со неколку тактички измени во нивната игра да парира, но денес расположената екипа на Халк Банка имаше одлична реализација што им донесе високо водство и сигурна победа од 11-4.