Халк Банка ја сочува предноста и славеше во дуелот со Bestway Solutions

Халк Банка 5-3(3-1) Bestway Solutions

Халк Банка: Влатко Блажевски 22’ Самир Вели 9’ 36’ Мартин Дамевски 10’ 11’
Bestway Solutions: Марко Неделковски 21’ Петар Стефановски 8’ Филип Зоксимовски 28’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Bestway Solutions, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со цврста и брза игра. Прва резултатот го отвори екипата на Bestway Solutions во 8та минута со погодокот на Стефановски, но екипата на Халк Банка имаше брз одговор со погодокот на Вели. Екипата на Халк Банка по погодокот на Вели зазема замав и со два погодоци во низа на Дамевски успеа да направи целосен резултатски пресврт и да поведе со 3-1. До крајот на полувремето екипата на Bestway Solutions се закануваше кон голот на Халк Банка но не беа успешни во тоа па на паузата се замина со 3-1. Во второто полувреме екипата на Bestway Solutions уште во првата минута со погодок на Неделковски успеа да намали на само гол негатива 3-2, но екипата на Халк Банка имаше брз одговор и возврати во 22та минута со погодокот на Блажевски за 4-2. Екипата на Bestway Solutions со голман играч во второто полувреме се обиде даствори вишок во нападот и да дојде до израмнување но Халк Банка одлично ја сочува својата предност и на крајот славеше со 5-3.