УНИКА 9-4(2-2) LC Waikiki
УНИКА: Шабан Чупи 13” 19” 27”, Рони Адеми 21” 22”, Бесим Нухиу 24”, Арбен Нухиу 31”, Беким Љута 33”, Фисник Нухиу 38”
LC Waikiki: Мустафа Мустафа 6” 7” 27”, Есер Сулејмани 28”
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и LC Waikiki. И на двете страни се играше цврста одбрана со која екипите не дозволуваа да се дојде до отворена шанса за гол. Екипата на LC Waikiki преку Мустафа Мустафа кој со два гола во низа 6” и 7” успеа да му донесе предност на LC Waikiki од 0-2, но екипата на УНИКА во своите редови го имаше расположениот Чупи кој во втората половина од првото полувреме со два гола во низа успеа да го израмни резултатот на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто екипата на УНИКА со притисок ов предно поле наметна висок ритам на игра со што успеа да го изненади LC Waikiki. Во ваквата поставеност УНИКА од минута во минута го зголемуваше водството. Екипатана LC Waikiki со чести измени се обидуваше да се врати во овој натпревар, но УНИКА не дозволи да дојде до тоа па на крајот славеше со 9-4.