Шпаркасе Банка под диригентската палка на Чижбановски славеше над Уни Банка

Уни Банка 3-5(2-2) Шпаркасе Банка

Уни Банка: Марко Ташков 28’ Бесар Абдули 1’ 15’
Шпаркасе Банка: Стојанчо Јосифовски 5’ 24’ 30’ Марјан Спасовски 37’ Христијан Тодоровски 19’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Уни Банка и Шпаркасе Банка, двете екипи во ова полувреме влегоа со игра во која фокусот беше ставен на одбраната а шансата ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на Уни Банка го отвори резултатот во раната фаза од полувремето со погодокот на Абдули, но брзо следуваше одговор од Шпаркасе Банка за израмнување на 1-1 по одличниот погодок на Јосифовски. Екипата на Уни Банка искористи пенал и успеа да дојде повторно до предност во 15та минута од полувремето, но сепак екипата на Шпаркасе Банка успеа до паузата повторно да дојде до израмнување и на полувремето се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме тренерот на Шпаркасе Банка Филип Чижбановски успеа да постави добра тактичка игра и неговите техничко тактички замисли играчите ги спроведоа на терен. Екипата на Уни Банка во самиот финиш немаше против игра на ваквата поставеност на Шпаркасе Банка па на крајот банкарското дерби и припадна на екипата на Шпаркасе Банка со резултат од 3-5.