Шпаркасе Банка со колективна игра до победа над ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 4-11(1-5) Шпаркасе Банка

ЈП Дрисла: Дени Сојановски 7’ 40’ Сајо Суљовиќ 31’ Саше Серафимовски 35’
Шпаркасе Банка: Игор Каланоски 24’ 36’ 37’ Марјан Спасовски 30’ Стојанчо Јосифовски 4’ 5’ Христијан Тодоровски 9’ 36’ Филип Чижбановски 3’ 27’ Љубомир Попов 16.

Шпаркасе банка во дуелот со ЈП Дрисла влезе доста мотивирано со максимално сериозен пристап уште од самиот старт на натпреварот поставувајќи тактички одлична игра пред се во делот на нападот каде што со брзи подавања успеаваа да најдат отворен играч кој упатуваше шутеви кон голот. Ваквата несебична игра им дозволи уште во раната фаза од натпреварот да дојдат до сериозна предност. Екипата на ЈП Дрисла во текот на целиот натпревар се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа па го загуби овој натпревар со 4-11.