Шпаркасе Банка со пресврт до победа над ЈСП

ЈСП 2-4(1-2) Шпаркасе Банка

ЈСП: Сабит Хусеини 32’ Филип Колеќески 5’
Шпаркасе Банка: Христијан Тодоровски 14’ 24’ Маријан Спасовски 15’ Александар Бранов 39’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на ЈСП и Шпарксае Банка, од самиот старт на натпреварот двете екипи прикажаа висок ритам на игра и одлична контрола на топката. Екипата на ЈСП во 5та минута го отвори резултатот преку погодокот на Колеќески и поведе со 1-0. Екипата на Шпаркасе Банка по ова водство на ЈСП ги консолидира своите редови и со одлична игра успеа да го израмни резултатот во 14та минута, а веќе следниот напад да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈСП со офанзивна игра од самиот старт на полувремето доаѓаше до изгледни шанси за гол, но преку брз контра напад екипата на Шпаркасе Банка го зголеми водството на 1-3. Екипата на ЈСП продолжи со притисокот кон голот на Шпаркасе Банка и во 32та минута реализираше за само гол негатива на 2-3 што го направи финишот на овој натпревар многу драматичен. Во ваквата драматична завршницае екипата на ЈСП не успеа да ги искористи своите шанси што Шпаркасе Банка го казни за победа со 2-4.