ЈП Водовод 8-11(4-5) Џојсон Сејфти Системс
ЈП Водовд: Блерим Сали 36’ 37’ Авни Ајвази 6’ 20’ Стојанче Ивановски 1’ 13’ 21’ 33’
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 39’ Анастас Секуловски 38’ Борче Аргилоски 2’ 5’ 7’ Вецко Вренцовски 28’ 31’ 34’ Младен Костовски 4’ 4’ 24’
Одличен старт за екипата на ЈП Водовод во дуелот со Џојсон Сејфти Системс, тие на самиот старт од натпреварот уште во првата минута со погодокот на Стојанче Ивановски дојдоа до предност од 1-0, но екипата на Џојсон Сејфти Системс имаше брз одговор и веќе во следната минута успеа да дојде до израмнување на 1-1. По ова брзо израмнување екипата на Џојсон Сејфти Системс притисна кон голот на ЈП Водовд и стигна до целосен пресврт. Во остатокот од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс успеваше да ја одржува предноста и да ги одбранува налетите на Водовод за предност од 4-5 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈП Водовод со одлична реализација во нападот да влезе во егал натпревар, на двете страни се играше доста цврсто без простор за изгледна шанса за гол. Во самиот финиш екипата на Џојсон Сејфти Системс со два гола во низа успеа резултатски да се одлепи и го доби овој натпревар со 8-11.