ЈП Дрисла со гол во последната минута до првата победа

Пивара Скопје 4-5(1-2) ЈП Дрисла

Пивара Скопје: Бесник Шакири 21’ 35’ 40’ Горан Трајковски 9’ 14’
ЈП Дрисла: Ристов Бобан 32’ Магденовски Марко 33’ Делчо Кировски 17’ 22’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Пивара Скопје и ЈП Дрисла, натпреварот го отвори екипата на ЈП Дрисла со погодокот на Трајковски во 9та минута. Оваа предност ја подигна самодовербата во тимот и започнаа уште појако да се закануваат кон голот на Пивара, во 14та минута Трајковски погоди по втор пат за зголемување на водството на 0-2. Во финишот од полувремето екипата на Пивара Скопје ги консолидира своите редови и успеа преку одличниот погодок на Кирковски да ја намали разликата на 1-2. Сепак до полувремето не успеаа да направат нешто повеќе па на паузата се замина со резултат од 1-2. На стартот на второто полувреме екипата на ЈП Дрисла успеа да искористи грешка во одбраната на Пивара Скопје и повторно да дојде на два гола позитива, ова ја примора екипата на Пивара да се префрли на противничко поле и да притеисне кон голот на Дрисла што и донесе погодок во 22та минута. Во 32та и 33та минута екипата на Пивара успеа да дојде до целосен пресврт и да поведе со 4-3, сепак само две минути подоцна Дрисла стрелаше за израмнување на 4-4. Ова ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма до самиот крај кога ЈП Дрисла преку Шакири успеа да го добие овој натпревар во последната минута.