ЈП Дрисла со одлична тактичка поставеност го доби дуелот со Пивара Скопје

Пивара Скопје 5-10(2-5) ЈП Дрисла

Пивара Скопје: Александар Илиоски 34’ Делчо Кировски 36’ Душан Бајлозов 39’ Бобан Ристовски 11’ Влатко Трпковски 12’
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 9’ 24’ Бесник Шакири 3’ 14’ 37’ 38’ Расим Исмани 14’ Ридван Демири 12’ Горан Трајковски 24’ 34’

Дуелот помеѓу екипите на Пивара Скопје и ЈП Дрисла го отвори екипата на Дрисла со гол во 9та минута од полувремето. Екипата на Пивара Скопје во својот ростер имаше голман кој играше како голман играч. ЈП Дрисла постави успешно разработена тактика пред се во делот на одбраната каде што успеа да го анулира играчот плус што го создаваше екипата на Пивара. Во ваквата поставеност екипата на ЈП Дрисла доаѓаше до отворени контра напади кои најчесто успеваше да ги реализира па полувремето успеа да го добие со 5-2. Во второто полувреме екипата на Пивара се обиде со нешто поагресивна игра да се врати во натпреварот но вечерва расположената Дрисла не дозволи изненадување и во текот на целиот натпревар како и во второто полувреме ја држеше под контрола предноста која ја имаше. Во самиот финиш екипата на Пивара се обиде и со голман играч да се врати во овој натпревар но без успех па ЈП Дрисла славеше со 10-5.