ЈСП ги спроведе тактичките замисли на тренерот Калиновски за победа над ЕЛЕМ

ЈСП 8-4(3-3) ЕЛЕМ

ЈСП: Дејан Блажевски 24’ Гоце Крстевски 20’ 40’ Филип Колеќески 12’ Филип ДИмовски 10’ 34’ 35’ Дарко Петров 26’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 20’ Тихо Груевски 5’ 11’ 31’

Крајно израмнет натпревар играа екипите на ЈСП и ЕЛЕМ. Натпреварот го отвори екипата на ЕЛЕМ во раната фаза уште на самиот старт преку Груевски, екипата на ЈСП успеа со противигра и добра поставеност во делот на нападот да реализира во 10та минута преку Димовски и израмни на 1-1. Но вечерва расположениот Груевски преку контра напад повторно му донесе водство на ЕЛЕМ. ЈСП со колективна игра и смиреност во делот на нападот преку Колеќески успеа да израмни. Во самиот финиш на полувремето Крстевски кај ЈСП и Петровски кај ЕЛЕМ постигнаа гол за 3-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со колективна игра оваа игра вроди со плод и ЈСП успеа резултатски да се одлепи. ЕЛЕМ се обиде да се врати во игра внесувајќи го Петровски како голман играч во своите редови, но ЈСП под водство на Калиновски имаше одлична поставеност и не дозволи изненадување па славеше во овој дуел со 8-4.