ЈСП под диригентската палка на Калиновски до победа над Аптив

ЈСП 7-3(2-1) Аптив

ЈСП: Љупчо Павловиќ 15’35’ Даниел Антовски 19’33’ Сабит Хусеини 39’ Филип Димовски 30’ 39’
Аптив: Александар Марковски 3’ 23’ Дамјан Хрдличка 23”

Оваа сезона на Бизнис Лигата ја отворија екипите на ЈСП и Аптив. На самиот старт екипата на ЈСП преку одлично изработена акција дојде до шанса за гол, но не успеа да ја реализира. По оваа шанса на ЈСП што следеше одговор од екипата на Аптив која имаше идентична шанса и во 3та минута перку Александар Марковски успеа да дојде до водство од 0-1. Ова рано водство ја примора екипата на ЈСП да го подигне темпото на игра и да врши притисок кон голот на противникот ова им донесе резултат во 15та минута кога ЈСП преку Љупчо Павловиќ успеа да дојде до израмнување на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но ЈСП имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 2-1. Екипата на Аптив во второто полувреме влезе со изменета тактика играјќи пресинг по целиот терен со ваквата игра успеа да ја притисне екипата на ЈСП која направи неколку грешки во предно поле за истите Аптив да успеа да ги претвори во гол па така по само 3 минути игра во второто полувреме екипата на Аптив направи целосен пресврт и поведе со 2-3. Тренерот на ЈСП Давор Калиновски со чести измени и одлично поставен напад успеа ЈСП да го врати во игра и преку Филип Димовски, Даниел Антовски и Љупчо Павловиќ успеа да не само да го израмни резултатот туку и да дојде до водство од 5-3.