ЈСП со пресврт до бодовите во дуелот со Интертек

ЈСП 5-3(1-2) Интертек

ЈСП: Дејан Блажевски 23’ Гоце Крстевски 22’ Сашо Георгиев 3’ Филип Колеќевски 37’ Филип Димовски 39’
Интертек: Стефан Ѓалевски 21’ Мартин Лазаревски 5’ Дарко Костадиновски 20’

Единаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈСП и Интертек. Екипата на ЈСП го отвори резултатот во раната фаза на полувремето кога Георгиев го изненади противничкиот голман за водство од 1-0. По ова рано водство на ЈСП следуваше одговор од Интртек кои преку Лазаревски го израмнија резултатот на 1-1 во 5та минута од полувремето. По овие почетни погодоци екипите ја смирија играта играа со многу потавања и ја чекаа својата шанса преку грешка на противникот. До крајот на полувремето иако екипата на ЈСП ја имаше контролата врз играта и постојано се закануваше кон противничкиот гол екипата на Интертек успеа да искористи грешка во одбраната на ЈСП за зголемување на водството 1-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Интертек со брз погодок успеа да го зголеми водството на 1-3, по оваа негатива екипата на ЈСП се разбуди и ги консолидира своите редови. ЈСП со погодоци на Блажевски и Крстевски успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3, а со погодокот на Колеќевски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт. Во финишот од натпреварот екипата на Интертек се обидуваше да да возврати на оваа одлична серија на ЈСП но тие го затворија пристапот до својот гол и со сигурна игра дојдоа до победа во овој дуел со 5-3.