Џонсон Мети немаше доволно сили за пресврт во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 6-5(3-3) Џонсон Мети

ЕЛЕМ: Аврамовски Александар 11’ 24’ Влатко Петровски 26’ Никола Мицевски 11’ 24’ 29’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 38’ 39’ Никола Николовски 13’ Стефан Јовановски 20’ Никола Чаушевски 19’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Џонсон Мети, од самиот старт на полувремето екипата на ЕЛЕМ вршеше константен притисок кон голот на Џонсон Мети што во раната фаза од полувремето им донесе предност од 2-0. Екипата на Џонсон Мети успеа да искористи грешка во одбраната на ЕЛЕМ и во 13та минута успеаа да намалат на 2-1. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ имаше неколку одлични шанси но голманот на Џонсон Мети Чаушевски беше на ниво на задачата, а и со еден погодок и одлична асистанција на својата екипа и донесе целосен пресврт Сепак екипата на ЕЛЕМ до паузата успеа да дојде до израмнување на 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на ЕЛЕМ во второто полувреме влезе максимално мотивирани и со колективна игра која преку одлично реализиран напад успеваа да ја преточат во реализација. Уште на самиот страт од второто полувреме тие успеаа да постигнат два погодоци за резултатски да се одвојат. Што беше сигнал за екипата на Џонсон Мети во своите редови да внесе голман играч по ваквата реакција на џонсон мети екипата успа да ги консолидира своите редови на минута до крајот од натпреварот да стигне до само едне гол негатива. Олеснителна околнос за екипата на Џонсон Мети беше што екипата на ЕЛЕМ по груб старт остана со играч помалце но ова Џонсон Мети не го искористи па ЕЛЕМ славеше со 6-5.