Џонсон Мети потпирајќи се на искуството дојде до победата над Спорт Лајф

Џонсон Мети 10-4(5-1) Спорт Лајф

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 10 ‘ 20’ Бојан Дејановски 29’ Виктор Здравев 19’ 39’ Бране Стојановски 7’ 19’ Антонио Анчевски 24’ 27’ 34’
Спорт Лајф: Христијан Ивановски 38’ Бојан Шумковски 22’ Ален Мехмеди 5’ 35’

Екипата на Џонсон Мети во дуелот со Спорт Лајф прикажа мошне рутинирана игра. Во текот на целото прво полувреме ја имаа иницијативата потпирајќи се пред се на искуството. Спорт Лајф играше доста мотивирано но не можеше да ја стигне предноста која ја стекна Џонсон Мети уште на самиот старт. Џонсон Мети на полувремето отиде со предност од 4 гола 5-1. Во второто полувреме Џонсон Мети успеа целосно да го скрши отпорот на Спорт Лајф. Од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот резултираше со убедлива победа од 10-4.