Ван Хоол со тимска игра до сигурна победа над Гранит

Гранит 2-17(1-6) Ван Хоол

Гранит: Александар Вељановски 35’ Виктор Нацев 18’
Ван Хоол: Ненад Саздовски 29’ 31’ Стефан Станојковиќ 25’ 27’ Пеце Даиловски 2’ 10’ 18’ 23’ 35’ Валентино Трајковски 1’ 6’ 21’ Андреј Наумовски 15’ 40’ Филип Никодиновски 36’ 39’ 39’

Одлично прво полувреме за екипата на Ван Хоол во дуелот со Гранит, тие уште на самиот старт одлично го поставија нападот и успеаа да имаат брза реализација уште во првата минута со погодокот на Трајковски. Оваа им даде дополнителен мотив и веќе во следниот напад со погодок на Даиловски успеа да го зголемат водството, екипата на Гранит во своите редови стави голман играч со цел да створи вишок во нападот со кој би се заканувале кон противничкиот гол. Со ваквата отворена игра екипата на Ван Хоол лесно најде пукнатина во одбраната на гранит и од минута во минута го зголемуваше своето водство со брзи контра напади. Во финишот од полувремето екипата на Ван Хоол имаше веќе голема предност од 0-6, во самиот крај екипата на Гранит успеа да намали на 1-6 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше својата предност. Екипата на Гранит денеска не успеваше да најде решение за расколожената екипа на Ван Хоол, која преку тимска и одлично поставена игра во нападот успеа да слави со високи 2-17.