Борис Трајковски преку LC Waikiki до првата победа

LC Waikiki 3-8(1-3) Борис Трајковски

LC Waikiki: Едит Салковиќ 11′ Армин Дрпљнин 36′ Мухамед Амети 23′
Борис Трајковски: Влахо Костов 14′ Љубомир Стојановски 21′ 25′ 37′ Јане Мицевски 28′ Дарко Филимановски 5′ 16′ 27′

Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите на LC Waikiki и Борис Трајковски и припадна на екипата на Борис трајковски тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата успеа да створат одлични шанси за погодок, во 5та минута да го отворат резултатот. Во 11та минута екипата на LC Waikiki успеа да креира одличен контра напад и да го претвори во погодок за израмнување, но по овој погодок екипата на Борис Трајковски го подигна темпото на игра, се префрли на противничката половина што резултираше со погодоци во 14та и 16та минута за водство од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра се редеа шанси за голови на двете страни, во таквата отворена игра поумешна беше екипата на Борис Трајковски која од минута во минута го зголемуваше водството стекнато на полувремето. Екипата на LC Waikiki во овој натпревар покажа слаба реализација и го загуби овој натпревар со резултат од 3-8.