LC Waikiki со брзи контра напади до победа над НЛБ Банка

Домакин 3-0(1-0) Гостин

LC Waikiki: Фуркан Фетеи 11’ Адмир Халилович 31’ 36’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и НЛБ Банка, двете екипи овој натпревар го започнаа претпазливо проценувајчи ја силата на противникот. Екипата на НЛБ Банка прва ја превзема иницијативата и се закануваше кон голот на LC Waikiki но со ваквата отворена игра остави празнина во одбраната што LC Waikiki вешто ја изкористи за водство во 11та со погодокот на Фетаи. Екипата на НЛБ Банка продолжи да врши притисок кон голот на LC Waikiki и имаше неколку одлични шанси но одбраната и голманот одлично ја чуваа својата мрежа. До крајот на полувремето екипата на НЛБ Банка продолжи со притисок но не ги искористи своите шанси па на паузата LC Waikiki замина со предност од 1-0. Во втрото полувреме екипата на LC Waikiki повторно ја најде пукнатината во одбраната на НЛБ и со погодок на Халилович го зголеми своето водство на 2-0. Во финишот од натпреварот екипата на НЛБ се обиде и со голман играч да се врати во натпреварот но екипата на LC Waikiki одлично го имаше затворено пристапот кон нивниот гол а со вториот погодок на Халилович ја осигура победата со резултат од 3-0.