Осврт на четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Александар Мишовски (Макпетрол) (најдобар петти играч)

Allround играчи на четвртото коло:Марко Костенцовски (Макпетрол), Димо Рошковски (Мепсо), Пеце Стојанов (Маркарт), Горан Николов (ЕЛЕМ), Наум Бадаловски (ЕВН), Мартин Алаѓозовски (Лукоил)

Уника (екипа на четвртото коло)

….
Во рамките на четвртото коло беа одиграни 12 натпревари полни со пресврти, одлична игра и прекрасни погодоци

Во првиот натпревар Еуро Табак со пресврт дојде до победа над Окта
Натпреварот помеѓу екипите на Еуро Табак и Окта одлично го отвори екипата на Окта со голот на Јовчевски уште во првата минута. По ова рано водство на екипата на Окта, екипата на Еуро Табак се префрли на противничко поле и со постојан притисок со игра голман играч се обидуваше да дојда до израмнување на резултатот. Екипата на Окта успеваше да одолее на овој притисок се до м18та минута кога попушти концентрацијата во одбраната и екипата на Еуро Табак успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да направи целосен пресврт. По овој пресврт падна целата концепција на екипата на Окта и по ова следуваше вистинска канонада кон нивниот гол екипата на Еуро Табак успеа да извојува висока победа од 7-2

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Дејан Младеновски 18’ 31’ 33’ Дејан Филиповски 21’ 33’ Дејан Јанковски 36’ Никола зафировски 39’
Окта: Александар Јовчевски 1’ Живко Котевски 40’

Рамстор со одлично второ полувреме дојде до победа над Вип
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Вип и Рамстор, првата фаза од полувремето и пипадна на екипата на Рамстор која со одличен погодок преку Мемед во 5та минута успеа да го отвори резултатот. По ова екипата на Вип направи неколу поромени во тимот, ги консолидираше своите редови и тргна со целосна офанзива по израмнување. Како одминуваше полувремето притисокот на екипата на Вип беше се поголем и во 16та минута успеаа да дојдат до израмнување, две минути подоцна и до целосен резултатски пресврт. Полувреме 2-1 На стартот на првото полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за израмнување, минута подоцна и погодок за целосен резултатски пресврт. Овој пресврт даде дополнителен мотив кај двете екипи, се подигна темпото на игра и се водеше жестока борба по целиот терен.Во ваквата жестока борба поснаодлива беше екипата на Рамстор која го доби натпреварот со високи 3-7.

Стрелци на головите беа:
Вип: Иле Никодиновски 16’ Ненад Богдановиќ 18’ Сашо Србаков 40’
Рамстор: Михрем Мемед 5’ 30’ Енис Мурселов 21’ Фуркан Муртезан 22’ ’Азрет Абаз 29’ Аријан Цами 32’ Хујрет Шабани 34’

Екипата на Матрикс доминираше во дуелот со Фабрика Карпош
Интересен натпревар одиграа екипите на Матрикс и Фабрика Карпош – ГИМ, уште на самиот старт екипата на Матрикс се префрли на противничкото поле и ја превзема иницијативата што резултираше со рано водство. Екипата на фабрика Карпош во овој натпревар влезе многу ослабена без своите главни играчи и немаше доволно сили да се спротистави на денеска расположениот за игра Матрикс. Екипата на Матрикс имаше целосна контрола врз играта и резултатот и овој натпревар го доби со убедливи 11-4.

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Никола Христовски 13’ 23’ Антонио Богдановски 17’ 30’ Мирко Богески 39’ 40’ Петре Даилов 7’ 38’ Ивица Алампиоски 2’ 32’ Бојан Марковски 18’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 34’ 37’ Ѓеорги Божиков 16’ 32’

Во натпревар полн со пресврти Матпетрол беше поуспешен од Сава Осигурување
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Макпетрол, со одлична игра и на двете екипи кои наизменично го менуваа водството во текот на целото полувреме. Прва го отвори резултатот екипата на Сава Осигурување во 2та минута преку одличен погодок на МИнов, минута подоцна одговор од страна на екипата на Макпетрол преку Костенцовски за израмнување. Во ваквата игра гол за гол во првото полувреме поуспешна беше екипата на Сава Осигурување која на паузата замина со предност од 5-4. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол направи неколку промени во играчкиот кадар и изврши притисок кон противничкиот гол што им донесе израмнување на 6-6 во 25та минута. По ова израмнување екипите повеќе се фокусираа на одбраната, играта се одвиваше на средината на теренот а играчите се обидуваа со удари од далечина да го изненадат противничкиот голман. Екипата на Макпетрол во финишот од натпреварот успеа да искористи неколку кикса во одбраната на Сава Осигурување и да го добие овој натпревар со резултат од 6-10

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Ивица Минов 2’ 19’ 20’ 23’ Коста Глигуровски 7’ Андреј Китановски 14’
Макпетрол: Марко Костенцовски 3’ 39’ 40’ Бенер Бакиоски 6’ 14’ Мишо Ѓоргиевски 15’ Благоја Лолески 24’ Александар Мишоски 25’35’ 39’

Лукоил со одлична игра во второто полувреме дојде до победа над Алкалоид
Првата фаза од натпреварот помеѓу екипите на Алкалоид и Лукоил одмина во испитување на силите, играта се одвиваше на средината од теренот со многу борбеност од играчите на двете екипи. Двете екипи не ризикуваа во фаза на напад и како да чекаа грешка на противничката одбрана, во 17та минута екипата на Алкалоид успеа да искористи кикс на одбраната на Лукоил и да постигне погодок со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме со одличен потег Зиков успеа да донесе израмнување за екипата на Лукоил, по овој примен погодок екипата на Алкалоид како да доби мотив и тргна жестоко кон противничкиот гол што резултираше со два погодоци и водство од 3-1. Екипата на Лукоил не се откажуваше од натпреварот и со чести ротации на играчи успеа да ја врати вистинската игра која во 33та минута им донесе израмнување, неколку минути подоцна и целосен резултатски пресврт и победа од 3-4.

Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Денис Славковиќ 17’ Дарко Стевков 28’ Стефан Димовски 30’
Лукоил:Дејан Зиков 21’ Мартин Алаѓозовски 31’ 33’ Александар Аврамовски 36’

Костов со 4 погодоци посветени на својата идна сопруга му донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски над Мепсо
Исклучително израмнето прво полувреме одигра екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Мепсо, иако екипата на С.Ц. Борис Трајковски прва дојде до водство Мепсо со борбена игра успеа да парира и издејствува шанси кои ги претвори во гол факјаќи резултатски приклучок. Во ваквата игра и двете екипи играа егал на полувремето 2-2. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски лагодарение на расположениот Влахо Костов успеа резултатски да се одвои при резултат 4-2. Екипата на Мепсо намали на 4-3 преку Рошкоски но екипата на С.Ц. Борис Трајковски беше при себе и со добро контролиран напад и своја препознатлива игра успеа да го задржи нивото и да го добие овој натпревар со 5-4

Стрелци на головите беа:
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 5’ 18’ 24’ 30′ Александар Михајловски 35′
Мепсо: Диме Рошкоски 14’ 34′ 40′ Борис Трајковски 19’

Уника со фуриозна игра дојде до победата над ЈСП
Првото полувреме од натпреварот помеѓу ЈСП и Уника помина во знакот на Уника, која уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции. Во 12та минута екипата на Уника преку Чупи успеа да го отвори резултатот на 0-1, минута подоцна и да го зголеми водството на 0-2, но екипата на ЈСП преку Хусеини успеа да го намали водството и да се врати во натпреварот. Сепак до крајот на првото полувреме екипата на Уника не и дозволи на екипата на ЈСП да стори нешто повеќе и го доби ова полувреме со 1-4. На стартот на второто полувреме екипата на ЈСП со неколку промени во играчкиот кадар се обидуваше да ја најде својата игра но екипата на Уника продолжи со одлична игра и го доби овој натпревар со 3-7.

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Сабит Хусеини 13’ Марјан Србиновски 39’ 40’
Уника: Шабан Чупи 12’ 20’ 20’ 37’ Бесими Нухиу 13’ Љуљзим Каштањева 24’ 35’

LC Waikiki во финишот стигна до победата над Маркарт
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Маркарт и LC Waikiki помина мирно без многу шанси за гол, двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол. Во средината на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да изведе еден одличен контра напад и да го претвори во гол за водство од 1-0. По примениот погодок екипата на Маркарт тргна пожестоко кон противничкиот гол, екипата на LC Waikiki успеваше да одолее на овој притисок се до последната минута од полувремето кога играчот на Маркарт, Стојанов, успеа да изведе одличен соло напд со одлична завршница и 1-1 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи го подигнаа темпото на игра и се започна со нешто поагресивна игра, екипата на LC Waikiki во 22та минута успеа да постигне погодок за водство од 1-2. Но денес екипата на Маркарт во своите редови го имаше денеска расположениот Стојанов кој по само неколку минути успеа да постигне два погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki вршеше силен притисок со цел да дојде до израмнување во што и успеа во 38та минута, а во 39та и 40та минута успеа да реализира за победа. Крај 3-5

Стрелци на головите беа:
Маркарт: Пеце Стојанов 20’ 26’ 33’
LC Waikiki: Иљаз 10’ Фуркан Фетаи 22’ Армин Дрпљнин 38’ Џенгис Ахмед 39 Алоја Перхај 40’

ЕЛЕМ со Поповски на голот дојде победа над Гранит
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Гранит, на стартот од полувремето екипата на Гранит тргна доста офанзивно кон противничкиот гол и успеа да створи неколку одлични шанси за погодок кои не успеа да ги реализира и потоа следуваше казна преку Стефановски со атрактивен погодок во 10та минута за водство од 1-0 за ЕЛЕМ. Кон крајот на полувремето Николов успеа да искористи грешка во одбраната на Гранит и да го зголеми водството на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одличната игра и уште на стартот на полувремето успеа да постигне два погодоци за високо водство од 4-0. Екипата на Гранит се обидуваше да ја пронајде својата игра во што и делумно успеа па веќе во 28та минута ја намали разликата на 4-2. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со високи 7-2.

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Ристе Стефанов 10’ 36’ Горан Николов 17’ 27’ 39’ Влатко Петровски 33’ Владимир Поповски 23’
Гранит: Дарко Стојановски 29’ Николче Глигуровски 29’

Во драматичен натпревар Џонсон Мети беше подобар од ЕВН
Евн и Џонсон Мети, двата тима во овој меч влегоа претпазливо внимавајќи на својот гол што беше причина за малкуте шанси и на двете страни. Играчите на двата тима се обидуваа со повремени соло напади и удари од далечина да го изненадат противничкиот голман. Како наближуваше крајот на полувремето екипата на ЕВН од еден прекин преку одличниот погодок на Бадаловски успеа да го отвори резултатот. Во последната минута од полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот но во последната секунда од полувремето екипата на ЕВН постигна погодок за водтво од 2-1 на полувремето. Во вторто полувреме видовме беспрекорна борба од двата тима со одлично воиграни акции и атрактивни потези екипата на Џонсон Мети беше таа која го диктираше темпото бркајќи го резултатот. Двата тима наизменично се менуваа во водството но во последните минути поприсебна беше екипата на Џонсон Мети која со одличниот погодок на Стојановски во 38та минута успеа да го добие овој натпревар со резултат од 4-5.

Стрелци на головите беа:
ЕВН: Наумче Бадаловски 18’ 20’ 30’ Томи Илиевски 23’
Џонсон Мети: Бране Стојановски 20’ Мартин Николовски 21’ 25’ Бобан Ристов 33’Христијан Стојановски 38’

Уни Банка не дозволи изненадување во второто полувреме
Прво полувреме со многу шанси за гол но слаба реализација одиграа екипите на Уни Банка и Искрател Груп. Во ова полувреме екипата на Уни Банка го диктираше темпото и имаа повеќе од играта што им донесе водство во 7та минута преку Најдовски. Екипата на Искрател Груп створи неколку прилики за израмнување но екипата на Уни Банка одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување. На полувремето се замина со резултат од 1-0. Во второто полувреме екипата на Уни Банка со удари од далечина го зголи водството. Искрател Груп со чести ротации на своите играчи се обидуваше да ја пронајде својата игра, што вроди со плод и намалување на водството. Сепак екипата на Уни Банка рутинирано го одигра ова второ полувреме за победа во дуелот со 3-1.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Аце Најдовски 7’ Ненад Саздовски 28’ Ѓорѓи Пецевски 32’
Искрател Груп: Никола Трајковски 37’

Македнски Телеком и Аџибадем Систина одиграа реми во последниот натпревар од четвртото коло
Првиот дел од првото полувреме одмина во мирно темпо на игра без многу шанси на двете страни, екипата на Систина таа која започна поагресивно кон противничкиот гол што им донесе предност во 12та минута. Минута подоцна екипата на Телеком успеа да постигне погодок за израмнување, по ова израмнување падна концентрацијата кај екипата на Систина и до крајот на полувремето успеаа да примат уште два погодоци и на полувремето да се замине со 3-1 за Телеком. Во вториот дел се започна со висок ритам на игра екипата на Систина се префрли во противничкото поле вршејќи притисок со цел да го намали водството од полувремето, што им успеа во 26та минута со одличниот погодок на Димковски, а во 32та минута успеаа да ја анулираат предноста на Телеком. Последните неколку минути беше вистинска бркотница на теренот во која ниту една од екипите не успеа да направи разлика за победа. Крај 4-4.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Гоце Филипов 13’ Садики Тасим 19’ Агрон Пацоли 20’ Стефан Насков 29’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 12’ 26’ 31’ Александар Јаневски 32’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Влахо Костов (СЦ Борис трајковски) 4 гола
– Ивица Влахов (Сава Осигурување) 4 гола
– Шабан Чупи (Уника) 4 гола
– Дејан Малденовски (Еуро Табак) 3 гола
– Александар Мишовски (Макпетрол) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Марко Костенцовски (Макпетрол), Димо Рошковски (Мепсо), Пеце Стојанов (Маркарт), Горан Николов (ЕЛЕМ), Наум Бадаловски (ЕВН), Мартин Алаѓозовски (Лукоил)

Екипа на колото: Уника
Тренер на колото: Александра Стојановски (Макпетрол)
Голман на колото: Бобан Ристов (Џонсон Мети)