Во неизвесна завршница екипата на Еуро Табак подобра во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 3-6(3-2) Еуро Табак

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панов 8’ 11’ 16’
Еуро Табак: Григориј Јовановски 3’ 4’ 26’ Дејан Јанковски 32’ 35’ 36’

Одлчен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на Еуро Табак успеа да постигне два брзи погодока во 3та и 4та минута и да навести ефикасно полувреме. Екипата на Фабрика Карпош преку расположениот за игра Панов успеа да возврати со 3 погодоци во 8та, 11та и 16та минута и да направи целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 3-2. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак имаше можност преку пенал да дојде до израмнување но голманот на Фабрика Карпош со одлична интервенција успеа да го сочува својот гол. Екипата на Фабрика Карпош имаше неколку одлични шанси за погодок но не успеа да реализира па следуваше казна и израмнување на резултатот во 26та минута. По ова израмнување натпреварот влезе во неизвесна завршница. Ви таквата неизвесна завршница поуспешна беше екипата на Еуро Табак која успеа да искористи неколку кикса во обраната на Фабрика Карпош на крај да го добие овој дуел со 3-6.