Вип со фуриозна игра до победа над ЈСП

ВИП 8-4(2-1) ЈСП

ВИП: Ненад Богдановиќ 15’ Мартин Ангеловски 24’ Мартин Тодоровски 34’ 35’ Иле Никодиновски 30’ Никола Спасевски 12’ 23’ Васко Дојчинов 25’
ЈСП: Томи Петковски 21’ 21’ 29’ Љупчо Павловиќ 21’

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу екипите на ВИП и ЈСП помина во жесток ритам на игра со многу шанси за гол и одлични интервенции на голманите па мрежите мируваа. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со отворена игра што донесе погодок во 12та минута и водство на екипата на ВИП со резултат од 1-0. По оваа негатива екипата на ЈСП се префрли на противничката половина и вршеше постојан притисок со цел да дојде до израмнување, но екипата на ВИП со одлична игра во одбраната успеа на паузата да замине со предност од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на ЈСП успеа да направи целосен резултатски пресврт со двата гола на Павловиќ, но екипата на ВИП брзо одговори и за само две минути успеа да го врати водството во свој посед. До крајот на натпреварот екипата на Вип од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 8-4.