Нетцетера 3-5(3-2) Кромберг & Шуберт
Нетцетера: Евгениј Костадинов 1’, Мирослав Радиќ 2’, Дарко Ристовски 15’
Кромберг & Шуберт: Иве Трифуновски 14’ 28’ 31’, Александар Крстевски 8’ 40”
Експлозивен почеток на на екипата на Нетцетера во дуелот со Кромберг & Шуберт. Уште во 1та минута, по одлично изработена акција, Костадинов постигна гол за водство на Нетцетера од 1-0. По неполна минута на него му се придружи соиграчот Радиќ 2” со што Нетцетера поведе со 2-0. Ваквата игра на Нетцетера ја примора екипата на Кромберг & Шуберт да ја зацврсти играта задните редови и воедно да посвети поголема концентрација во делот на нападот. Екипата на Кромберг & Шуберт користејќи го голманот како голман-играч ги консолидира своите редови, и преку добро организиран контра напад дојде до погодок во реализација на Крстевски 8”, со што резултатски се приближи до Нетцетера со резултат 2-1. По краток тајмаут, екипатана Кромберг & Шуберт ја превзеде иницијативата во свои раце и во 14” со погодок во реализација на Трифуновски дојде до израмнување на резултатот на 2-2. По неполна минута голманот на Нетцетера, Ристовски 15”, при одлична одбрана и со дофрлање преку целиот терен кон голот и повторно го врати водството на својата екипа на 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт ги консолидира своите редови и преку денес одличниот Трифуновски успеа да дојде до израмнување на резултатот, а во 31та минута и до целосен резултатски пресврт. Екипата на Нетцетера се обиде резултатски да се врати во натпреварот внесувајчи во своите редови голман играч, но екипата на Кромберг & Шуберт беше одлична во одбраната и успеваше да ја сочува својата предност за на крајот од овој натрпевар да дојде до победа со резултат од 3-5