Ван Хоол 7-0(2-0) Атлантик Груп
Ван Хоол: Стефан Станојковски 24’ Димче Андов 11’ 22’ 36’ Андреј Наумовски 8’ 35’ Филип Никодиновски 29’
Екипите на Ван Хоол и Атлантик Груп влегоа во овој натпревар максимално мотивирано, и двете екипи беа свесни дека овој натпревар е исклучително важен за подобра позиција и полесен противник во елиминационата фаза. Екипата на Ван Хоол во првата фаза од полувремето во реализација на Наумовски 8та минута дојде до водство од 1-0, по само неколку напади му се приклучи и Андов кој му донесе предност на Ван Хоол од 2-0. Атлантик Груп со чести измени се обидуваше да фати ритам како би можел да се врати во натпреварот но Ван Хоол не дозволи изненадување па на полувремето замина со предност од 2-0. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп се обиде со голман играч да створи играч плус во нападот како би можел да се врати во натпреварот но екипата на Ван Хоол одлично ја постави својата одбрана и до минута во минута го зголемуваше своето водство. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот славеше со 7-0.